Големо засилување: Шкупи потпиша со Трапановски

Младинскиот репрезентативец на Македонија, Кристијан Трапановски, е првото засилување на Шкупи во зимскиот преоден рок. Клубот од Чаир го заврши првиот дел од сезонава на втората позиција, но Шкупи планира дополнително да се засили и да ја предизвика Шкендија во трката за титулата во вториот дел од шампионатот.

Најавени се неколку засилувања, а денеска и официјално беше потпишан договорот со 21-годишниот Трапановски, кој настапува на позицијата лево крило. Станува збор за играч кој има настапувано во Чешка и во Словачка, а кој се враќа во мак-фудбалот за да му помогне на Шкупи во борбата за највисок пласман.

„Решив да ја прифатам понудата на Шкупи бидеји тоа е силен и добро организиран клуб. Оваа екипа има амбиција да се бори за титулата, речиси секоја година настапува во европските купови, а импресиониран ум и од тоа што им даваат шанса на млади фудбалери, кои потоа можат да обезбедат трансфер во некоја од посилните лиги во Европа. Мене ќе ми биде чест и адоволство да настапувам за тимот со најдобрите навивачи во Македонија“, изјави Трапановски по потписот на договорот.

Се вчитува...