Големото англиско финале во ЛШ: Фудбалско ужување во Порто!

Големото финале од Лигата на шампионите од 21 часот пред 16.500 гледачи во Порто. Англиска пресметка меѓу Манчестер сити и Челси!

Пеп Гвардиола по десет години чекање повторно е во финалето на ЛШ. Тоа му успева дури од петтиот обид со „граѓаните“. А Манчестер сити ја брка првата титула во Лигата на шампионите, издвојувајќи се со фаворитската улога според аналитичарите. Челси, пак, тргнува по втората своја европска круна, по девет сушни години.

Финалето од ЛШ најпрво требаше да се игра во Истанбул, но префрлено е во Порто каде е многу подобра епидемиолошката ситуација и на навивачите од Англија им беше далеку полесно за организацијата на патувањето.

Интересно, сопственикот на Сити, шеикот Мансур на своите навивачи им плати комплетни патни трошоци, а Челси на своите пак авионски билети. Тие тоа го искористија за жестоко да се пресметкаат на улиците во Порто.

Дел од навивачите на Челси се револтирани поради тоа што клубот врати околу 800 билети кои не успеа да ги продаде во пакети. Па, така бројни навивачи, кои на натпреварот сакаа да одат во сопствена режија, останаа без билети.

ОЧЕКУВАНИ СОСТАВИ:

МАНЧЕСТЕР СИТИ: Едерсон, Вокер, Кансело, Стоунс, Диас, Родри, Силва, Гундоган, Махрез, Фоден, Де Брујне

ЧЕЛСИ: Менди, Аспликуета, Тиаго Силва, Рудигер, Џејмс, Чилвел, Жоржињо, Н’голо Канте, Маунт, Пулишиќ, Хаверц

Се вчитува...