Големото промашување на Милан пред трансфер во Турција

Хакан Чалханоглу се сметаше за големо засилување на Милан во летниот преоден рок, откако турскиот репрезентативец пристигна од редовите на Баер Леверкузен за сума од 22 милиони фунти. Разочарани од неговите слаби партии, раководството на „росонерите“ сака да се реши од него уште во јануари, а Фенербахче и Галатасарај се двата тимови кои се подготвени да му понудат излез од „Сан Сиро“.

Доаѓањето на Чалханоглу во Милан не го реши проблемот на клубот околу позицијата „10ка“, еден од некогашните најперспективните играчи во Бундеслигата наиде на неколку проблеми откако го облече црвено-црниот дрес. Неговите скромни два гола и шест асистенции и честите повреди се повеќе го оттргнуваат од првиот тим, иднината во италијанскиот гигант не му е загарантирана, па за брзо време може да заигра во турското првенство за да си ја спаси кариерата.

Иако позајмица до крајот на сезоната се чини како пореална опција, челниците на Милан се надеваат дека ќе најдат клуб кој би ја исплатил целосната вредност која клубот ја „искешира“ за него во летниот преоден рок.

Се вчитува...