Големото срце на Марсело Брозовиќ: Донираше 3.000 евра за операција на скопјанката Стаменка

Фудбалерот на Интер, хрватскиот интернационалец Марсело Брозовиќ, е херојот на скопјанката Стаменка Трпковска која на социјалните мрежи замоли за помош и донација од 3.000 евра од здравствени причини. Нејзиниот статус беше шеруван на фан-фејсбук страниците „Inter Tifosi Balkan“ и „Inter Club Macedonia“, а Марсело Брозовиќ веднаш штом го прочитал ја уплатил донацијата за итна операција на колкот на Стаменка Трпковска.

Се вчитува...