Големото срце на Новак Ѓоковиќ: Пари имам, но што ќе ми се ако не помагам на другите…

Србија го има најдобриот тенисер на сите времиња, Новак Ѓоковиќ, но нашиот северен сосед го има и Хамад Меџедовиќ, како најголем талент на новата генерација тенисери чие време добра доаѓа.

Меџедовиќ го докажа тоа освојувајќи го „ ATP NextGen“ турнирот во Саудиска Арабија, привлекувајќи го вниманието на медиумите по неколку извонредни партии на патот до трофејот. Сепак, неговиот татко Елдин обелодени дека Хамад никогаш не би успеал ако немаше поддршката од Новак Ѓоковиќ, и тоа не само морална туку и финансиска.

„Новак го препозна талентот на Хамад и имавме разговори околу тоа што треба да се направи за мојот син да напредува. Тој зборуваше, а јас се штипев, да се уверам дека не е само сон. Ми даде најразлични идеи, но јас веднаш го прекинав. Му реков: Ноле, извини, но тоа чини многу пари, а ние немаме… Тој само продолжи да зборува за плановите за мојот син и на крајот рече: На Хамад е само да тренира, за се друго ќе се грижам јас… И навистина беше така, во текот на целата 2021 година, сите тренери, патувања, хотели, физиотерапевти, масери, ние не дадовме ниту динар, а кога се ќе се собере сигурно стануваше збор за сериозна сума. Не знаете што значи за едно мало дете да оди на подготовки со најдобриот во светот, тоа е како фудбалски талент да тренира со Роналдо или со Меси. Ноле го направи тоа за мојот син и јас сум му бескрајно благодарен“, открива Елдин Меџедовиќ.

Тој обелодени уште еден разговор што го имал со Новак на истата тема, воедно и дека Ѓоковиќ од него побарал само една работа.

„Тогаш ми кажа, Едо, јас не го правам ова за парите, имам каде да заработам. КАков човек би бил ако не ја прифатам улогата да им помогнам на другите, особено на деца кои тоа го заслужуваат, кои сакаат тенисер и згора на тоа имаат одлични резултати. Вака ќе направиме… за возврат само да ми ветите, дека кога Хамад утре ќе успее, вие ќе земете некого на ист начин на кој јас ви помагам, и вие ќе му помогнете нему“, вели Меџедовиќ сениор.

Се вчитува...