Голгетер со стил: Тричковски со топка „влезе во гол“ против Штурм (видео)

Иван Тричковски продолжи со гол-серијата во квалификациите за Лигата на Европа откако македонскиот ас беше прецизен и на самиот почеток од денешниот реванш дуел меѓу АЕК Ларнака и Штурм.

Гостите од Австрија направија грешка во сопствената половина, по што АЕК експресно разви контра, Тричковски втрча во шеснаесетникот, го „легна“ и голманот на Штурм, па со топка влезе во голот за радост на домашните навивачи во Ларнака.

Се вчитува...