Голгетерот на Борусија Дортмунд се сели во Бешикташ

Со оглед дека Борусија Дортмунд е блиску до ангажман на Серхио Гираси од Штутгарт, ќже мора да се ослободи од еден напаѓач. Најверојатно изборот ќе падне на Себастијан Халер, кој е пред напуштање на „милионерите“.

Има неколку заинтересирани за напаѓачот од Брегот на Слоновата коска, а прв во редовите на заинтересирани е турскиот гигант Бешикташ. За Халер има интерес и од неколку француски клубови, пред се од Мец кој бара замена за Микаутадзе кој ќе замине во Монако.

Халер дојде во Борусија Дортмунд од Ајакс, а минатата сезона му беше дијагностициран тумор на тестиси, по што го пропушти голем дел од сезоната. Во последно време се помалку игра во таборот на „милионерите“, па се подготвени да му овозможат да замине во друга средина.

Се вчитува...