Голман на ПСЖ е во животна опасност по пад од коњ

Голманот на ПСЖ, Серхио Рико се наоѓа во тешка состојба откако бил пренесен во болница во Севилја со повреда на главата по пад од коњ. Информацијата ја потврдија и од таборот на францускиот првак, за кој Рико не настапи на вчерашниот меч со Стразбур откако доби слободен викенд од тренерот Галтие.

29-Годишниот Шпанец јавал коњ во реонот Ел Рочо во близина на Хуелва, по што лошо паднал на глава и веднаш загубил свест. Тој со хеликоптер бил пренесен во клиниката во Севилја, каде е сместен во одделението за интензивна нега и се уште се наоѓа во животна опасност.

„Состојбата на Серхио Рико е сериозна, тоа е се што можеме да кажеме во моментов“, објави споускменот на ПСЖ.

Рико е член на ПСЖ од 2019 година, кога потпиша од редовите на ПСЖ. Тој никогаш не се наметна како стандарден првотимец во таборот на „светците“ и во овој период собра вкупно 29 настапи на голот на актуелниот првак на Франција.

Се вчитува...