Голманите едвај чекаат СП да почне (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Македонските ракометари утрово го одржаа и претпоследниот тренинг, а Раул Гонзалес се уште ги крие картите околу конечниот список на патници за Германија. Селекторот на нашата репрезентација конечниот рез ќе го направи по вечерашниот тренинг, по што ќе биде познато дали Македонија ќе патува со 16 ракометари за Минхен, или можеби ќе се носи една резерва со националниот тим.

Она што радува е одличната форма во која се наоѓаат нашите голмани, кои работат под водство на Александар Царчев. Ристовски, Митревски, Томовски и Даскалоски се максимално подготвени, а Гонзалес и тука ќе треба да пресече, кој од овие четворица ќе остане во Скопје.

 

Се вчитува...