Голманот Божиновски уште две години „романтичар“

Македонскиот фудбалски прволигаш Работнички продолжува со комплетирањето на тимот во пресрет на стартот на летните подготовки, в понеделник. Решено е и голманското прашање. Клубот објави дека чуварот на мрежата, Даниел Божиновски и во наредните две сезони ќе го носи дресот на Работнички. Тој има одлична конкуренција во младинскиот репрезентативец Ристо Јанков.

Во текот на денешниот ден, нов едногодишен договор со клубот потпиша и одбранбениот фудбалер Деан Митрев. Претходно, како нови засилувања кај „романтичарите“ беа ангажирани Оливер Пеев, Филип Петковски, и двајца српски интернационалци, Љубомир Стевановиќ и Душан Стевиќ.

Се вчитува...