Голманот го напушта Вардар: Гедбан потпиша за Адемар Леон

Алжирскиот интернационалец Калифа Гедбан заминува од РК Вардар по истекот на сезоната. Тој потпиша двегодишен договор со шпанскиот клуб Адемар Леон.

Гедбан не успеа да се наметне доволно во дресот на европскиот првак Вардар. Заедно со Артурс Кугис, кој веќе замина од клубот, не ги исполнија очекувањата на голманските позиции. Токму затоа тренерот Стевче Алушовски во последниот период поголема минутажа му дава на младиот Марко Кизиќ, а во Вардар пристигна и репрезентативецот Борко Ристовски.

Се вчитува...