Голманот на Бриж сеирџиски кон ѕвездите на ПСЖ: Каде сте?

Голманот на Бриж, Симон Мињоле со интересна изјава по синоќешното реми на неговиот тим со големиот фаворит ПСЖ на стартот од Лигата на шампионите.

„Воопшто немав работа. Не знам каде беа противниците, ама јас имав неколку полесни одбрани, ништо посебно“ – истакна чуварот на мрежата на Бриж, веднаш дополнувајќи:

„Одигравме добро тимски, компактно и не дозволивме да ни создаваат изгледни шанси. Им оставивме минимален простор за игра, и тоа беше пресудно“.

Се вчитува...