Поради големиот играчки кадар, еден од голманите на Челси е на излезна врата од тимот уште во јануарскиот преоден рок. Филип Јоргенсен не може да фати место во екипата поради Роберт Санчез, кој ја има довербата од стручниот штаб, па затоа побарал трансфер веднаш.
Јоргенсен во 2024 година пристигна во Челси, а има само седум настапи за „сините“, што е премалку за неговите амбиции. Затоа 23-годишниот дански чувар на мрежата побарал да биде пуштен во клуб во кој ќе има поголема минутажа.
„Многу сме задоволни од Јоргенсен. Меѓутоа тој не е среќен поради тоа што не брани. Го разбирам дека не е среќен. Ќе видиме што ќе се случува во јануари“, изјави Енцо Мареска, тренерот на „сините“.
Меѓу кандидатите кои се споменува за ангажман е турски Бешикташ, кој ќе побара од Челси позајмица до крајот на сезоната.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

