Голманот на Египет ќе влезе во историјата како највозрасен играч на СП

Голманот на Египет, Есам Ел – Хадари, на денешниот меч со Уругвај ќе го урне рекордот за највозрасен играч кој настапил на СП. Тој има 45 години и се уште е прв чувар на мрежата на Египќаните. Тој ќе го надмине досегашниот рекорд на колумбискиот голман Фарид Мондраон, кој имаше 43 години на Мундијалот во Бразил пред четири години.

„Имам 45 години, но верувајте дека се уште тренирам и играм со желба на тинејџер. Ако работиш напорно, годините се само бројка. Имаме големи амбиции на ова Светско првенство, и јас и соиграчите од Египет. Ова за нас е огромно доживување“, изјави Есам Ел – Хадари.

Интересно, неговата ќерка е верена за соиграч од националниот тим.

Се вчитува...