Голманот на Еурофарм Пелистер ја има најдобрата одбрана во Лигата на Европа (видео)

Урбан Лесјак ја има најдобрата одбрана во првото коло од Лигата на Европа на ЕХФ. Словенечкиот голман брилијантно го почна дуелот со дански Архус, а токму запрениот контранапад на противниците на самиот старт од мечот му го донесе на голманот на Еурофарм Пелистер првото место на ранг-листата што ја објави ЕХФ ТВ.

За жал, доброто издание на Лесјак, како и во финишот на Кизиќ не беше доволно за „пелистерци“ да избегнат пораз на стартот од новата европска авантура.

Петте најдобри голмански интервенции во првото коло од новата сезона во ЕХФ Лигата на Европа можете да ги погледнете на ОВОЈ ЛИНК.

Се вчитува...