Голманот на Интер Мајами спречи пораз на Меси и другарите на стартот на клупското СП (ВИДЕО)

Со скептицизам и премал интерес, синоќа во Флорида стартуваше првото Светско клупско првенство со 32 клуба. Домашниот тим Интер Мајами на стадионот „Хард Рок“ играше без голови против Ал Ахли од Египет.

61.000 гледачи имаа можност да видат одлична игра, со многу шанси, со пенал, меѓутоа без голови. Голманите беа во главна улога, особено Оскар Устари кој му одбрани пенал на Трезеге во 43. минута, додека на спротивната страна Мохамед ел Шенави успеа да ги издржи налетите на Меси.

Ел Шенави и Ал Ахли се извлекоа во самиот финиш и во последните минути од судиското продолжение. Египетскиот клуб доминираше во првото полувреме, а Интер Мајами ја презеде играта во второто полувреме.

Меси беше блиску до постигнување гол од слободен удар во 64-тата минута, но за разочарување на гледачите, топката ја погоди надворешната страна од мрежата.

И двата клуба имаат по еден бод во Групата А, во која се наоѓаат и португалскиот клуб Порто и бразилскиот клуб Палмеирас. Во последните моменти, Ел Шенави го одбрани ударот на Меси со помош на гредата. Следниот натпревар на Интер Мајами е против Порто во Атланта во четврток.

Се вчитува...