„Заслуживме три бода од таа по**ана дупка, но животот е таков. Одиме понатаму“. Со овие зборови голманот на Копенхаген, Камил Грабара го коментираше ремито 2-2 на неговиот тим против Галатасарај во 1. коло во групната фаза во Лигата на шампионите.
Иако неговиот тим имаше предност од 0-2 до 86. минута, сепак, во финишот прими два гола и така не успеа да освои три бода.
Полскиот чувар набрзо ја корегираше својата објава на социјалните мрежи, но веќе беше доцна, затоа што турските фанови тргнаа да му се закануваат.
„Ова не е нормално. 300 пораки и не можам да набројам колку коментари. Немам зборови“, напиша неговата сопруга.
Грабара идната сезона ќе брани за Волфсбург, откако потпиша со овој тим и договорот ќе почне да важи од 2024 година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА