Голманот на Лион нокаутираше противнички фудбалер и заработи црвен картон во 27. минута (ВИДЕО)

Драматично почна новата сезона во Лига 1 во Франција со натпреварот меѓу Лион и Ајачио.

Веќе во 27. минута момент за одбележување. Голманот на Лион, Ентони Лопез успеа во раната фаза од мечот да заработи директен црвен картон.

По една долга топка, напаѓачот на Ајачио, Ел Идризи со трк се проби до работ на казнениот простор каде буквално беше нокаутиран од голманот на Лион. Веднаш беше исклучен Лопез, и покрај тоа што тој и неговите соиграчи протестираа кај судијата, а беше и досуден пенал за Ајачио…

Се вчитува...