Голманот на Унион Берлин спречи масовна тепачка (видео)

Унион Берлин сезонава дебитира во Бундес-лигата, па жителите на овој град имаа можност денеска да уживаат во првото берлинско дерби во историјата на елитното германско фудбалско друштво.

Унион дури и славеше над далеку попознатата Херта со 1-0, но за жал мечот го одбележа дивеењето на домашните навивачите, кои во неколку ситуации го прекинуваа натпреварот. Можеше да дојде и до сериозен инцидент откако десетина навивачи на Унион Берлин тргнаа преку теренот кон трибината каде се наоѓаа гостинските фанови.

Сепак, до конфликт не дојде благодарение на домашниот голман Гикевич, кој дури и влезе во караница со своите навивачи, враќајќи ги кон нивниот дел од трибината.

Се вчитува...