Голманот на ВБА се повреди играјќи фудбал со синот во двор

Првиот голман на Вест Бромвич Албион воопшто не се појави во тимот на синочешниот меч против Лестер во Премиер – лигата, а менаџерот Тони Пјулис објасни дека тој се повредил на необичен начин. Играл фудбал во својот син во дворот, и го повредил коленото.

„Немаше причина за дополнително да ризикуваме со Бен Фостер. Тој си играл со својот син во дворот и го повредил коленото. Со оглед дека и порано имаше проблеми со истото колено, бевме загрижени и не дозволивме да застане меѓу диреците додека не се направат детални лекарски прегледи“, изјави менаџерот на ВБА.

Лестер и ВБА одиграа 1-1 во последниот меч од осмото коло во Премиер – лигата.

Се вчитува...