Голманот Стевковски со јубилеен 100-ти настап за „лавовите“

Голманот на Македонија ЃП, Христијан Стевковски денеска го запиша својот 100-ти настап во дресот на Македонија ЃП. По тој повод од својот клуб го доби дресот со „стотка“.

Стевковски во минатото беше дел од Скопје, а од 2020 година го носи голманскиот дрес на „лавовите“.

Со Македонија ЃП освои два трофеи во Купот на Македонија, а токму во финалињата беше еден од најзаслужните за освојувањето на овие трофеи. Сезонава има можност и за трет трофеј, со оглед дека неговиот тим е во полуфиналето на ова натпреварување.

Се вчитува...