Голот на Ламела – со место во историјата на ЛШ (видео)

Ерик Ламела постигна гол за Тотенхем на дуелот со Барелона, намалувајќи го водството на гостите на 2-3 Голот не е спектакуларен, но засекогаш ќе остане запаметен во историјата на Лигата на шампионите како погодок број 8.000 постигнат во елитното европско натпреварување.

Претходно, илјадитиот погодок во ЛШ беше дело на Коклов од ПСВ Ајндховен , потоа голот број 2000 беше дело на Португалецот Фернандо Коуто од Лацио, следниот јубилеј, оној за 3.000 гола го прослави Давид Трезеге во дресот на Јувентус во 2003 година. Свое место во оваа листа на историја има и Питер Крауч, кој стрелаше прецизно за Ливерпул за вкупно 4.000 гол во ЛШ, а погодокот број 5.000 беше постигнат од страна на легендарниот дефанзивец на Бенфика, Луизао.

Серхио Рамос со автогол против Манчестер јунајтед го запиша голот број 6.000 во историјата на елитниот европски клупски фудбал, додека претходниот јубилеј, оној за 7.000. погодок во ЛШ, го прослави Анхел ди Марија во 2015 година.

 

Се вчитува...