Голот на Сара Ристовска е најубав во ЛШ (видео)

Сара Ристовска продолжува со одличните настапи за ЦСКА Москва во Лигата на Шампионите, а еден од постигнатите голови беше избран во Топ 5 листата за четвртото коло од елитното европско натпреварување.

Поточно, Македонката се најде на врвот со извонредниот гол од крило, оставајќи ги зад себе норвешките асови Меркс и Офтедал, како и Станко од Крим и Бургар од Мец.

Погледнете ја мајсторијата на Сара Ристовска…

Се вчитува...