Голот на сезоната во ЛШ е дело на – Кристијано Роналдо (видео)

Кристијано Роналдо е стрелец на најубавиот погодок во сезоната во Лигата на Шампионите, одлучија фудбалските фанови ширум Европа преку гласањето што го организираше УЕФА преку официјалната веб-страница.

Над 400.000 навивачи гласаа во оваа анкета, а најмногу гласови доби Кристијано Роналдо со својот втор погодок на осминафиналето против Лион. Португалецот со извонреден удар од далечина го матираше голманот на Лион, но и тоа се покажа недоволно за Јувентус да го елиминира францускиот тим во осминафиналето од ЛШ.

Второто место на оваа ранг-листа се наоѓа Марсел Сабицер од Лајпциг за голот на дуелот со Зенит, а третопласиран е Хуан Квадрадо од Јувентус со погодокот во групната фаза против Атлетико Мадрид.

Се вчитува...