Голот од мртов агол на Атанасов ќе конкурира за гол на сезоната во Хрватска (ВИДЕО)

Јани Атанасов денеска во дуелот со Локомотива во Купот на Хрватска, постигна ретко убав гол за водство на Хајдук од 1:2 во тие мигови. Атанасов во 51. минута од мртов агол со лоб удар погоди во мрежата на противникот.

Дали овој гол ќе биде прогласен за гол на сезоната во Хрватска? Сигурно ќе биде еден од конкурентите.

А, одличната партија Атанасов ја „зачини“ со нов убав гол. Атанасов стрелаше за 2:5 со убав гол од преку 30 метри откако со „бомба“ ја разнесе мрежата на Локомотива.

На крајот Хајдук славеше со 3:6, а Атанасов и тоа како се наметнува како стандарден првотимец кај новиот тренер Дамбраускас.

Погледнете ги уште еднаш ремек-делата на Атанасов.

Се вчитува...