Голубиќ под своето најдобро време, за 24. место на ЕП во сала

Македонскиот репрезентативец Сашо Голубиќ истрча послабо од своето најдобро време на 60 метри на Европското првенство во сала кое се одржува во Белград, освојувајќи го 24. место од 26 атлетичари кои се појавија во квалификациите.

Голубиќ настапи во втората квалификациска трка истрчувајќи со време од 7.07 секунди, за последно место во групата, што е за 0.12 стотинки послабо од неговото најдобро време со кое беше пријавен на Европското првенство (6.95).

Во конкуренција на 26 пријавени атлетичари во квалификации, на крајот по четирите квалификациски групи, е рангиран со 24-то време.

Денеска во квалификациите ќе настапи и единствената наша претставничка на ЕП, Мартина Мироска во дисциплината скок во далечина.

Се вчитува...