Папу Гомез и официјално ја продолжува својата кариера во дресот на Монца, откако аргентинскиот офанзивец потпиша договор до крајот на сезоната со овој италијански прволигаш, враќајќи се назад во Серија А по авантурата во Севилја.
Аргентинецот најдобрите денови во кариерата ги мина во Аталанта, си замина од Бергамо по конфликтот со тренерот Гасперини, по што кариерата почна да му се движи во надолна линија. Иако се најавуваше дека Гомез би можел и да ја заврши кариерата, тој реши да ја прифати понудата на Монца, пред се поради првиот човек на клубот, Адријано Галијани.
„Имав многу понуди на маса, но ги одбив сите чекајќи ја онаа вистинската од Италија. Монца ми е судбина, се сеќавам како пред неколку години на Ибица се сретнав на појадок со Галијани, кој ми говореше се најдобро за овој проект. Тогаш не беа во првата лига, но му ветив дека ќе дојдам во Монца штом се поклопат коцките. Сега кога тоа се случи, немаше шанса да го одбијам и веднаш ја прифатив понудата од него“, изјави Папу Гомез.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА