Горан Андоновски на местото на Ристо Магдинчев во РК Тиквеш

Ракометниот суперлигаш Тиквеш одлучи да се раздели со тренерот Ристо Магдинчев по само пет кола од стартот на новата сезона. Кавадарчани имаа тежок распоред на почетокот на сезоната во кој на пет натпревари издвојуваа само една победа против Металург, но загубија од тимови кои веќе подолго време се во врвот на шампионатот како Пелистер, Охрид, Бутел и Пролет.

На место на искусниот стратег доаѓа Горан Андоновски кој се враќа на клупата на клубот од Кавадарци откако ја водеше во вториот дел од минатата сезона. Претходно тој долго време беше тренер на Охрид.

 

Се вчитува...