Горан Андоновски се враќа на тренерската позиција на ГРК Охрид!

Откако ракометниот клуб Охрид објави дека ќе има „ремонт“ во екипата и се прости со тренерот Стојановиќ, од денеска Горан Андоновски е именуван за старо – нов тренер на тимот.

Ракометниот стручњак до скоро беше на чело на суперлигашот Тиквеш, па по три сезони се враќа во клубот каде претходно долги години ја извршуваше тренерската функција. Тој стави потпис на двегодишен договор, а негов помошник ќе биде Наум Бабачев, поранешен ракометар и долгогодишен тренер во младинските категории на ГРК Охрид.

Андоновски ќе има полни раце работа во составување на екипата за наредната сезона, имајќи предвид дека ГРК Охрид по завршување на сезоната го напуштија 11 ракометари по истек на договорот со клубот.

Се вчитува...