Горан е икона во Италија: И во Милано, и во Рим, и во Неапол, и во Анкона и во Џенова… (ФОТО)

Најдобриот македонски фудбалер Горан Пандев е вистинска икона на Апенините. Како ретко кој странец ценет, без нимало претерување и обожуван ширум Италија.

Оттаму и не изненадуваат бројните транспаренти на денешниот натпревар на Џенова преку кои секој на свој начин го одбележуваа јубилејниот 400-ти настап на Горан Пандев во Серија А. Еден од нив и со името на македонскиот репрезентативец во боите на италијанското знаме, како знак и за неодамна добиеното италијанско државјанство… А, дел од нив и одбележувајќи ги сите италијански градови во кои настапуваше Пандев од почетокот на своето доаѓање во Италија, од Милано, преку Анкона, Специја, па Рим, Неапол и сега до Џенова… Секаде ценет до бескрај!

Се вчитува...