Горан Гоцевски нов тренер на Каменица Саса

Минаа само осум кола од новото првенство на единствената Втора  фудбалска лига на Македонија а веќе шест клуба ги сменија тренерите со кои стартуваа. Последен во таа серија на смена на тренери е шефот на стручниот штаб на Каменица Саса, Баже Јанакиевски, кој го плати цехот на слабите резултати во првите осум кола по кои Каменица Саса се наоѓа на претпоследното место на табелата со само 6 бода, со една победа и три нерешени игри. По спогодбен раскин на договорот, како што тоа обично се објавува кога се менува тренер, за нов шеф на стручниот штаб на Каменица Саса е именуван Горан Гоцевски, досегашниот помошник на тренерот на Осогово Добринчо Илиевски.

Инаку, во осумте одиграни кола Каменица Саса ја победи прилепска Победа со 2:0,играше  нерешено со Башкими 2:2, Осогово 1:1 и Скопје 1:1 а загуби од Арсими со 0:4. ,Пелистер 0:3, Беса 1:2 и Тетекс 1:2.

Серијата промени во второлигашките екипи ја почнаа клубовите од брегот на Охридското езеро, од Карароман си замина Драган Блажевски, го замени Скендер Таири, додека на клупата на Охрид наместо Петар Џигеровски  седна Александар Толевски. По очајно слабиот старт и прилепска Победа беше принудена да го смени тренерот Филип Мирчевскик, сега ќе ја спасува искусниот Јане  Николоски. И Тетекс кој за една одина смени дури шест тренери, ја продолжи таа неславна традиција,  му се заблагодари на Даниел Радевски, за да му даде доверба на Филип Деспотовски. На крајот ништо не заостанува ниту Вардар од Неготино, почна со Љупчо Димитковски, го наследи, не за долго Миланчо Мојсовски, сега тренер на неготинчани е Горан Тодорчев.

    М.М

Се вчитува...