Горан Иванишевиќ обвинет за затајување данок

Горан Иванишевиќ, е во центарот на сериозни судски постапки во Хрватска, откако е покрената истрага за затајување на данок од околу 1.2 милиони евра.

Според хрватскиот весник „Национал“, Општинското кривично јавно обвинителство во Загреб официјално води истрага против Иванишевиќ, а постапката е покрената врз основа на кривична пријава поднесена во ноември 2024 година од неговата поранешна сопруга Татјана Драговиќ.

Таа им доставила на истражните органи документација од заедничка сметка во Монако, на која со години се примале плаќања од неговите тренерски ангажмани.

Информацијата дека се работи на случајот и дека истрагата е во тек ја потврди и портпаролката на обвинителството Силвија Лончар, заменик-општинската јавна обвинителка Ерика Корада.

Се вчитува...