Горан Иванишевиќ влезе во „Куќата на славните“ – „Ова е остварување на сите соништа“

Легендарниот хрватски тенисер кој во моментов работи како тренер на Новак Ѓоковиќ, Горан Иванишевиќ е примен во тениската „Куќа на славните“. Тој стана првиот Хрват кој влезе во Меѓународната тениска куќа на славните.

Покрај него во генерацијата 2020 во Њупорт влегоа и Кончита Мартинез, а од генерацијата 2021 таа чест ја добија „Оригиналните 9“ кои предводени од Били Џин Кинг ја предводеа борбата за изедначување на статусот и правата на тенисерките со тенисерите.

„Пред 42 години го почнав овој пат од малиот град Сплит во Хрватска и денеска тој ќе заврши во Њупорт. На тој пат морам да им се заблагодарам на некои луѓе со кои поминав добри и лоши моменти. Прв пат во животот можам да кажам дека сум горд на самиот себе. Ова е остварување на сите соништа“, изјави Иванишевиќ. 

 

 

Се вчитува...