Горан Пандев дел од тимот на светот на спектакл во Букурешт

Eден од најдобрите македонски фудбалери на сите времиња, Горан Пандев утре ќе биде дел од егзибициски фудбалски меч во Букурешт, во кој ќе се соочат „златната генерација“ на Романскиот фудбал од СП 1994 година против тимот на Светот.

Романија на тоа СП што се одигра во САД стигна до четвртфиналето што се уште е најголем успех на романскиот фудбал воопшто. Тимот на Романија ќе го сочинуваат Попеску, Димитреску, Лакатуш, Прунеа, Лупеску, Мунтеану, Дан Петреску…

Додека за тимот на светот покрај Горан Пандев ќе играат Панучи, Литманен, Фернандо Коуто, Карембеу, Стоичков, Савиола, Дида, Мајкон…

Се вчитува...