Горан Пандев донираше средства за заштитна опрема во струмичката болница

Kапитенот на македонската фудбалска репрезентација Горан Пандев продолжува со донации да помага во овој тежок период кога Македонија се справува со пандемијата на Covid-19. Тој донирал средства за набавка на заштитна опрема за медицинскиот персонал во струмичката болница.

„Точно дека деновиве донираше и Горан Пандев. Неблагодарно е да споменувам износи, но би сакал да упатам благодарност како до него така и до останатите правни и физички лица. Парите ќе бидат искористени за набавка на скафандери, заштитни маски, ракавици според стандардите на СЗО за да бидат заштитени здравствените работници кои се на првата „борбена“ линија и најмногу се изложени на ризикот да бидат заразени. Тоа се лица кои треба да спасат нечиј човечки живот и затоа треба да бидат соодветно заштитени“, изјави директорот на струмичката болница Наќе Гогов.

Горан Пандев и колегите од фудбалската репрезентатиција донираа средства за Фондот за здравствено осигурување за помош на здравствените работници во справување со коронавирусот.

Се вчитува...