Горан Пандев е „Папата на Џенова“

Еликсир за долг фудбалски живот. Така на официјлната веб-страница на Џенова почнува разговорот со Горан Пандев, потенцирајќи дека иако се наоѓа на залезот на кариерата, македонскиот ас го има ентузијазмот на младо момче во својата четврта сезона во овој клуб.

„Што е тајната? Да се има желба… јас сум на крајот на кариерата, но слободно можам да кажам дека желбата за докажување ми е уште поголема отколку кога почнував… Имаме и обврска како искусни играчи да им помогнеме на помладите, пред се на оние од странство кои вообичаено имаат проблеми со адаптацијата. За мене лично никогаш не било проблем дали сум резерва, играм 20 минути, 30 или цел натпревар, тоа секогаш бил тренерски избор што јас сум го почитувал“ – истакнува Пандев.

Со ваков став, јасно е што кога неговиот договор во клубот истече, буквално сите беа едногласни, давајќи зелено светло за продолжување на соработката. Како што велат во Џенова – Пандев е „Папа“ на овој клуб, кога е тој во прашање од сите страни се гледа „бел чад“.

„Благодарност до претседателот Пречиози и управата, јас и моето семејство уживаме во животот во Џенова, град што е перфектен за нас. Задоволство ми е што фановите ја препознаваат мојата љубов кон клубот, желбата да помогнам како на теренот, така и надвор од него“ – порачува Горан Пандев.

Се вчитува...