Горан Пандев го растури Јувентус – асистенција, па гол (видео)

Горан Пандев уште еднаш ја покажа својата големина, најдобриот натпревар сезонава играјќи го токму против шампионот Јувентус. Македонецот влеззе во игра во второто полувреме на местото на Санабрија и блесна во сиот свој сјај, најпрвин асистирајќи му на Стураро за водство од 1-0, а потоа и самиот погодувајќи за 2-0 за Џенова.

„Гранде Пандев“ одлично втрча на додавање на Куаме, силно биеше од петнаесетина метри и го совлада Перин.

Добрата форма на капитенот е одлична вест и за македонската репрезентација, на една седмица пред стартот на квалификациите за ЕВРО 2020.

Се вчитува...