Горан Пандев: Ја исполнивме целта, сега ни следат клучните дуели со Словенија и со Полска

ЕКИПА во Рига, Летонија

Никола Ѓуровски

Капитенот на македонската репрезентација Горан Пандев вели дека националниот тим ја исполнила својата цел со освоените четири бода од септемврискиот собир против Израел и Летонија. А, сега за Македонија во октомври престојат двата најважни квалификациски натпревари….

„Овој натпревар за нас беше многу важен. Мислам дека извојувавме рутинска победа за заслужени три бода. Ја исполнивме целта од овие два меча да дојдеме до четири бода, иако може да жалиме и за испуштен триумв во Израел, но сега следниот месец не очекуваат најважните два меча во квалификациите против Словенија и против Полска на кои ќе се решаваат квалификациите“ – истакна Пандев по дуелот со Летонците.

Се вчитува...