Горан Попов со поддршка за Украина: Оваа војна мора да престане (ВИДЕО)

Некогашниот македонски репрезентативец Горан Попов, преку социјалните мрежи упати видео порака во која ја искажа својата поддршка за Украина во конфликтот со Русија. Тој побара веднаш војната да престане.

Русија ја нападна Украина пред десетина дена, а беа воведени и спортски санкции против Русија, како што се исфрлање на репрезентацијата од сите натпреварувања под капата на ФИФА и УЕФА, како и на руските клубови од натпреварувањата, а Русија нема да може да се бори ниту за пласман на Мундијалот во Катар.

Попов играше во Украина и се стекна со многу пријатели. Четири години беше дел од Динамо Киев, а сега влезе во менаџерските води.

Се вчитува...