Горан Попов за инцидентот со Кајл Вокер: Ја пцуеше Македонија, ме навредуваше на национална основа, па морав да го плукнам!

Во најновата осма епизода на спортскиот подкаст „ПРЕСИНГ“ на ЕКИПА.МК, најголемата македонска фудбалска легенда Дарко Панчев, заедно со својот гостин Горан Попов, за се во македонскиот фудбал.

Осврнувајќи се и на својата биографија, Горан Попов се потсетува и на неговиот инцидент со англискиот репрезентативец и легенда на Манчестер сити, Кајл Вокер, кој во моментов се уште игра за Барнли.

Попов и Вокер во 2012 година, во периодот кога Попов играше за ВБА а Вокер за Тотенхем, имаа несекојдневен дуел во Премиерлигата. Горан Попов објаснува дека го плукнал Вокер затоа што го навредувал на национална основа, пцуејќи ја Македонија… И, едноставно не можел да премине преку тоа.

„Тоа беше ситуација во која јас, како лев бек, тој како десен бек, имавме на нашата гол-аут линија. Јас ја градев топката, да излезе во гол-аут и да си ја земе нашиот голман. А, навиачите во Англија знаете се одма до терен… Веднаш до нас се. И јас како се градам, Вокер паѓа еднаш, јас го гледам и се смеам. Навивачите уште повеќе викаат по мене, нервозни што му ја ‘украдов’ топката. Вторпат станува и ме турка, тој е физички многу јак, но исто и јас, и вториот пат паѓа долу, и како паѓа му викам низ смеа: ‘Ајде, ајде…станувај!“ И, публиката уште повеќе збесна па почна да ме пцуе: “Popov fu*k off”… . А, пцовките кај нив се как добар ден. На заминување, Вокер почна да ме пцуе, да ја пцуе Македонија и да ме навредува на национална база… Па, јас се изневерирав за мојата држава, и како што ми кажа… го плукнав. Да бидеме искрени, тоа се гледа и на снимката ете, плукањето не беше нешто драматично… Ние бевме далеку еден од друго, но сето тоа снимено со ХД камери и издраматизирано по порталите и медиумите. Плукањето беше едноставно смешно, но тоа е нереспект да плукнеш некој играч. Мислам дека да беше Англичанец во прашање, немаше да добие црвен картон, туку жолт. Но, нема врска, тоа поминало“ – објаснува Попов во подкастот „Пресинг“.

ГЛЕДАЈТЕ ГО ЦЕЛИОТ ПОДКАСТ „ПРЕСИНГ СО ДАРКО ПАНЧЕВ“ НА СЛЕДНИОТ ЛИНК…

Се вчитува...