Горан Станковски е нов тренер на Работнички!

Поранешниот македонски репрезентативец Горан Станковски е именуван за нов тренер на екипата на Работнички.

По денешното повлекување од менаџерската функција на Виктор Треневски, раководството на „романтичарите“ веднаш го именуваше Станковски за нов тренер на првиот тим, кој досега работеше во младинските категории на клубот.

„Се одлучивме за нов тренер да го именуваме Горан Станковски кој е докажано македонско фудбалско име, поранешен фудбалер на Работнички, репрезентативец со исклучителна кариера. Но, и по стартувањето на тренерската кариера водејќи ги младинските категории на клубот, Станковски претходно стигна до титула во првенството и Купот во својата категорија, потврдувајќи го својот професионален капацитет. Токму поради тоа укажуваме доверба со надеж за подобри резултати сезонава“ – ни изјави претседателот на Работнички, Драган Поповски.

40-годишниот Горан Станковски, покрај за Работнички, во својата кариера има настапи и за Слога Југомагнат и Македонија ЃП на домашната сцена, но и германската Тенис Борусија, холандски Антверпен, турскиот прволигаш Дијарбакир, како и молдавска Дачија.

Стручниот штаб кој ќе му помага на Станковски останува комплетно ист со Милан Илиевски и Славчо Георгиевски како први асистенти, и тренерот на голманите Драги Атанасовски.

Станковски првото свое појавување пред фудбалерите ќе го има на утрешниот тренинг од 11 часот, а ќе го води тимот веќе во среда на дуелот против Силекс на арената „Филип Втори“.

Се вчитува...