Ѓорче Петров го доби полски Јарослав за противник во осминафиналето во Европскиот куп

Ракометарките на македонскиот шампион Ѓорче Петров го добија полскиот тим Јарослав за птотивник во осминафиналето во третото по ранг натпреварување на стариот континент Европскиот Куп.

Полјачките во второто коло беа подобри од холандскиот Венло, додека во третата рунда славеа две убедливи победи над португалскиот Алавариум. Македонскиот првак во претходните две рунди ги елиминира исландскиот КА Тор и австрискиот Румс Јагс.

Првиот натпревар од осминафиналето е на програмата на 7/8 јануари на гостински терен, додека реваншот ќе се одигра една недела подоцна во Скопје.

Се вчитува...