Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа на експресен начин се пласираше во четвртфиналето на ИТФ фјучрсот во грчки Хераклион.
Во осминафиналето на Фјучрсот вреден 40.000 американски долари нашата тенисерка славеше над Италијанката, Софија Рокети со максимални 2-0, по сетови 6-3 и 6-1.
Во четвртфиналето тетовчанката за противник ќе ја има Австријката, Сиња Краус која е шеста носителка на турнирот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА