Ѓорческа експресно до четвртфинале во Будимпешта

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа експресно се квалификуваше во четвртфиналето на ИТФ фјучрсот во Будимпешта, откако во осминафиналето славеше над Австријката Сиња Краус со 2-0, по сетови 6-3 и 6-2.

Во четвртфиналето Ѓорческа за противник ќе ја има третата носителка на турнирот, домашната тенисерка Река-Лука Јани која е 191. на ВТА листата.

Се вчитува...