Ѓорческа елиминирана на стартот на фјучрсот во француски Калви

Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа доживеа елиминација во првото коло на турнирот во француски Калви од Италијанката Лукреција Стефанини.

По одличниот настап на турнирот во Швајцарија, Ѓорческа неделава немаше сила за нешто повеќе и против Италијанката успеа да освои само четири гема (6-1 и 6-3).

Ѓорческа сепак останува во Калви каде во конкуренција на двојки со нејзината партнерка Амандин Ес е во четвртфиналето.

Се вчитува...