Ѓорческа елиминирана во четвртфиналето во Баја

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа е елиминирана во четвртфиналето на ИТФ фјучерс турнирот во унгарскиот град Баја. Таа загуби од четвртата носителка на турнирот, Река Лука Јани со 2-1 во сетови (6-3, 3-6, 2-6).

Во првиот сет, македонската тенисерка одигра одлично и успеа да го добие со 6-3 во гемови. Имаше брејк и во вториот сет, меѓутоа на крајот сепак го загуби со идентични 6-3 во гемови.

Третиот сет комплетно и припадна на ривалката, која на крајот славеше со 6-2 во гемови.

Се вчитува...