Ѓорческа елиминирана во полуфиналето во Анталија, останува финалето во двојки

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа не успеа да се пласира во финалето на ИТФ фјучерсот вреден 15.000 долари во Анталија, Турција.

Ѓоречска во полуфиналната пресметка загуби од осмата носителка на турнирот, Магдалена Пантучкова од Чешка со 1-6,2-6.

За македонската тенисерка денеска останува и настапот во финалето во игра на двојки. Заедно со Хрватката Мариана Дражиќ ги очекува финалната пресметка со Холанѓанките Ведер/ Вишер.

Се вчитува...