Ѓорческа го освои трофејот на турнирот во Анталија

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа го освои трофејот во поединечна конкуренција на ИТФ фјучерсот вреден 15.000 долари во Анталија, Турција.

Ѓорческа, која беше прва носителка на турнирот, во финалето на турнирот во три сета славеше против третата носителка Орпана од Финска со 6-4,6-7(5),6-1.

Ова е 51-та титула, вкупно во поединечна конкуренција и во игра на двојки, за најдобрата македонска тенисерка во кариерата.

Се вчитува...