Ѓорческа ја освои титулата на ИТФ фјучрсот во Коксејд

Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа триумфираше на ИТФ фјучрсот во Коксејде (Белгија) во конкуренција на двојки.

Ѓорческа во тандем со Валерија Страхова (Украина) во финалето беа подобри од првите носителки Валентини Граматикопоулоу од Грција и Русинката Валентина Ивахненко со 2-0 по сетови 6:4, 6:4.

За нашата тенисерка ова е трета титула во дубл во тековната сезона.

Се вчитува...