Ѓорческа ќе игра во квалификациите на УС Опен во Њујорк

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа ќе настапи во квалификациите на четвртиот годинашен тениски гранслем-турнир, УС Опен, кој стартува од 27. август.

По повредата на зглобот на раката и паузата од шест месеци, Ѓорческа повторно се врати на терените учествувајќи изминативе два месеци на неколку ИТФ фјучерси.

Иако согласно моменталната позиција на ВТА листата не би можела да игра во квалификациите на УС Опен, сепак организаторите и дозволија да учествува и на годинашниот турнир поради фактот дека минатата година беше на 170. место на ВТА листата токму во моментите на настап во Њујорк.

Квалификациите на УС Опен стартуваат на 21. август. За Ѓорческа ова ќе биде трето учество на овој гранслем-турнир.

Се вчитува...